На лицето С.И. му бил издаден Прекршочен платен налог по член 225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Околу 21.10 часот, со Потврда за одземени предмети, возилото БМВ било одземено поради сомнение за сторен прекршок по член 263 од Царинскиот закон на Република Македонија.
Членот 225 од спомнатиот закон ја регулира обврската на возачот да поседува важечка сообраќајна дозвола. Неофицијално, лицетот С.И., не поседувало возачка дозвола.
Неофицијално дознаваме дека станува збор за уредник на портал кој се декларира како близок до СДСМ.
Плусинфо, исто така, дознава дека висок функционер на СДСМ лично се ангажирал да го смести уредникот, заедно со неговото семејство, во еден од охридските хотели, додека не се забошоти случајот и додека тој не си најде превоз за Скопје.