Kартичките „Скопска“ ќе може да се купуваат и да се надополнуваат само во продажните места на ЈСП.
Ова, како што објаснува претпријатието, се случува поради завршување на договорот помеѓу ЈСП Скопје и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги.
„ЈСП Скопје навремено се подготви за решавање на оваа ситуација. Потребната опрема и логистика се обезбедени и многу наскоро граѓаните ќе имаат можност повторно да ги купуваат нашите услуги преку мрежа на секундарна дистрибуција. Ви се извинуваме за евентуалните нелагодности поради оваа ситуација, но пред целосна вредносна искористеност на договорот кој го имаме склучено со фирмата-мастер дилер, не бевме во можност за активирање на подготвено решение, со кое многу наскоро продажба на нашите услуги ќе биде повторно возможна преку мрежа на секундарна дистрибуција“, вели ЈСП.