Во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено починато петгодишно девојче од Скопје.
Детето починало во дворот на семејната куќа, сопственост на таткото А.С.М, а било пријавено вчера во 15,36 часот.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото девојче било предадено на обдукција.