Форумот за демократска Македонија му понуди на СЈО помош од светски антикорупционери

546

Членовите на Форумот за демократска Македонија, заедница на иселеници, се сретнаа со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во просториите на СЈО.

На средбата претставниците на ФДМ, Маја Петрушевска, Маја Панова и Алексеј Демјански ја запознаа обвинетелката Јанева со програмата, целите и мисијата на Форумот.

„Како организација што се залага Македонија да биде демократска и правна држава во вистинска смисла на зборот, ФДМ ја потврди целосната поддршка за работата на СЈО. Обвинителката Јанева се осврна на предизвиците со кои СЈО се соочува од формирањето до денес. Претставниците на ФДМ го поздравија придонесот на ова обвинителство на полето на транспарентност и родова еднаквост и изразија поддршка СЈО да продолжи да работи како независна институција“, се вели во известувањето од ФДМ.

Доколку е потребно, ФДМ вели дека е подготвен да ги стави на располагање своите професионални капацитети, искуства и меѓународна мрежа на контакти со правни и антикорупциски експерти од целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...