Голманот на Ливерпул добил заканувачки пораки, полицијата започна истрага

По натпреварот 24-годишниот голман на Црвените беше емотивно скршен и со солзи во очите бараше од навивачите на Ливерпул да му простат.

482

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, беше трагичарот на финалето на Лигата на шампиони во саботата вечер. Германскиот голман двапати направи грешка и им подари на фудбалерите на Мадрид два гола со што му овозможина на Реал да го порази неговиот тим во Киев со 1:3.

По натпреварот 24-годишниот голман на Црвените беше емотивно скршен и со солзи во очите бараше од навивачите на Ливерпул да му простат.

Играчите и повеќето навивачи на Ливерпул му дадоа поддршка на младиот голман, но очигледно има и такви кои тешко можат да му ги простат грешките во финалето. На социјалните мрежи се појавија морбидни пораки во кои има закани на него, семејството и неговата девојка.

„Ќе ти ја убијам девојката“, „Се надевам дека целото семејство ќе ти умре“, се само неколкуте пораки кои ја шокираа јавноста во Британија.

Полицијата во Ливерпул покрена истрага.

– Заканувачките коментари на социјалните мрежи ги зимаме максимално сериозно и секој кој ќе биде идентификуван ќе биде сослушан- рече портпаролот на полицијата на Ливерпул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...