Акцијата за плаќање на заостанат долг на рати и без камата на „Водовод и канализација“ трае уште еден ден, односно заклучно со 29.05.2018 (вторник).
-Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање. Физичките лица и правни лица може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот – се вели во известувањето од јавното претпријатие.