Бордот на директори на Европската традиционална карате федерација (ЕТКФ) на состанокот одржан викендов во Романија донесе многу важни краткорочни и долгорочни одлуки за развој на традиционалното карате во Европа, информира МТКФ.
– Беше изгласан календарот на активности за 2018/2019 година, така што прв настан кој следува е ЕТКФ летен карате семинар во Костанца, Романија од 24-31 август и официјалното ЕП кое од 14-16 септември ќе се одржи во Белград. Од 7-9 декември во Порторож, Словенија ќе се одржи ЕК за деца. Во 2019 ЕП ќе се одржи во Милано, Италија, ЕТКФ летниот карате семинар ќе се одржи во Крањска Гора, Словенија, соопштија од Македонската традиционална карате федерација.
На средбата на челниците на европското традиционално карате, генералниот секретар Дејан Недев го презентираше новиот веб сајт на ЕТКФ.