Јове Кекеновски од Фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ експресно реагира на тврдењето на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски дека не познавал ниту еден судија. Тој на Фејсбук коментира дека Груевски остарел ама ум не му дошол.
– Брејјјј да не можеш да се изначудиш!
Груевски на ТВ Сител тврди дека не познавал ниту еден судија додека бил на премиерска позиција. Во тоа сум потполно сигурен бидеји кога човек има луѓе за се (што би рекле народски кога човек има .,,маша”), чуму му е потребно да ги познава.
Но, да го потсетиме гостинот на ТВ Сител на тефтерчето на Гоца, на Михалјо и Филимена, на Трајко и Јово, на судиите и обвинителите кои одеа на баци рака кај братучедот, на оној лепотанот Јавен обвинител. Треба ли уште да се набројува?
Остаре човеков и ум пак не му доаѓа. Повторно се обидува да си игра со нашата интелегенција и паметење.
Бреееее чудооооо невиденоо