Груевски: Заев ја нарача пресудата за „Тенк“ дел судии се во директна спрега со власта

1340

Како што тргнаа раборите со политичкиот прогон верував дека ќе ме осудат, рече пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски на прашањето дали ако пред една година му кажеле дека ќе биде осуден за случајот „Тенк“ ќе поверувал.

Груевски зборува за пресудата од две години робија за случајот „Тенк“ во интервју за „Сител“.

– Конкретно за овој случај не се изненадив како судијката го водеше процесот. Таа имаше донесено одлука како ќе пресуди пред почетокот на процесот. И еден новинар кој долго време следи судство ми кажа дека уште на првото рочиште знаел дека тој ќе биде осуден додека веќе на второто рочише тој став му се бетонирал. Видливо беше лошото однесување на судијката, дрско со викање кон нас, додека кон одбраната се однесуваше поданички – рече Груевски.

Тој додаде дека пресудата еден месец пред одлуката била објавена во медиумите, но и дека премиерот Зоран Заев најавил дека за кратко ќе има пресуда за Груевски.

– Апсолутно Зеав ја нарача пресудата оти дел од судиите се во директна спрега со власта. Така не било во мое време, јас лично не познавав ниеден судија во мојот живот, јас сум економист – рече Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...