Тројца обвинители на дисциплинска за „крвавиот четврток“-не извршиле увид во Собранието

1133

За тројца обвинители е покрената дисциплинска постапка поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за крвавиот четврток. Од државното обвинителство за Телма потврдиле дека пред празникот е отворена дисциплинска постапка која ја води комисија. Обвинителите се товарат дека не извршиле увид на местото на крвичниот настан, односно во Собранието каде лани на 27-ми април се случи упадот и беа повредени над 100 луѓе.

Дисциплинската постапка е отворена против раководителката и заменик раководителот во скопското обвинителство, како и против раководителот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Во тоа време овие функции ги извршуваа Златко Биковски, во организиран криминал и Гордана Ѓешковска и Јован Цветановски во скопското обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...