Широка маса од лава влегла во комплексот на геотермалната електрана „Пуна“ на Хаваите и претставува нова опасност.
Амерканската агенција за геолошки истражувања наведува дека лавата стасала до електраната откако во предходните деновин уништи повеќе десетици околни имоти.
Ерупцијата на вулканот Килауеа почна на 3 мај, по што власта ја затвори електраната, од каде е отстрането 227.000 литри запалива течност.
Но, лавата до сега никаде во светот не прекрилка некоја геотермална електрана и оттука непозната е потенцијалната опасност.
Во изминатите 24 часа регистрирани се помеѓу 250 и 270 потреси на вулканот Килауеа, а четири експлозии вчера исфрлиле пепел во висина од 4.5 километри.