Бордот на директори на Европската традиционална карате федерација (ЕТКФ) на состанокот одржан викендов во Романија донесе краткорочни и долгорочни одлуки, важни за развојот на традиционалното карате во Европа.
На состанокот бил изгласан календарот на активности за 2018/2019 година, при што први настани што следуваат е летниот карате семинар на ЕТКФ во романскиот град Костанца од 24 со 31 август и официјаното Европско првенство, што од 14 до 16 септември ќе се одржи во Белград.
Од 7 до 9 декември во словенечкиот град Порторож ќе се одржи Европското првенство за деца.
Во 2019 година домаќин на Европското првенство ќе биде Милано, додека летниот карате семинар на ЕТКФ ќе се одржи во Крањска Гора.
На состанокот, генералниот секретар на федерацијата, Дејан Недев го презентираше и новиот веб сајт на ЕТКФ (http://www.etkf.net).