Екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како во предизборна еуфорија ја реобјави „Молитва“ на Блаже Конески. Тој како на последните избори кога ја предводеше партијата на својот фејсбук профил повторно го објави спотот со песната „Молитва“. На спотот, илустриран со снимки од Шарената револуција, наратор е актерот Владо Јовановски.
Спотот беше дел од изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ во 2016 година, кога Груевски учествуваше на избори последен пат како лидер на партијата.