Екипата на Вардар загуби во полуфиналето на „фајнал фор“ турнирот на Лигата на шампионите од Монпелје со 27:28 (11:14).
Ракометна Европа ќе добие нов шампион, откако Вуко Борозан во последниот напад за „црвено-црните“ не успеа да го израмни резултатот за продолженија.
Монпелје сепак имаше водство во текот на целиот меч и на крајот заслужено дојде до победата. Хендикеп беше и повредата на Арпад Штербик, кој на почетокот на второто полувреме се повреди, па на голот застана Милиќ.
Циндриќ и Борозан беа најефикасни со по шест голови, Чупиќ постигна пет. Во составот на Монпелје, блескаше Порте осум погодоци, Гигу реализираше седум.
Во борба за бронзата, Вардар утре ќе игра со ПСЖ, во реприза од минатогодишното финале.