Алијансата за Албанците, односно лидерот Зијадин Села е подготвен во секој момент да излезе на телевизиско соочување со Али Ахмети. Лидерот на ДУИ нека одбере кога и каде сака тоа да се реализира. Зијадин Села е подготвен за дуелот со Ахмети“, порачаа од Алијансата за Албанците, пишува Независен.
Откако премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски седнаа на иста маса и јавно дебатираа за многу прашања, Албанците во Македонија се сè погласни во барањата да има иста дебата меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети со лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села и Билал Касами.