Кире Лазаров растура, со осум гола против Жермен стана најдобар стрелец

528
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Екипата на Нант е првиот финалист на „Фајнал фор“ турнирот од ракометната Лига на шампионите, откако попладнево во Келн триумфираше над фаворитот ПСЖ со 32:28 (17:14).

Нант водеше речиси цел натпревар, го диктираше темпото на натпреварот и заслужено дојде до мечот за шампионската титула.

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров постигна осум гола на мечот, од кои седум од пенал, исто колку и Турна, а голема заслуга за победата на Нант имаше и голманот Думулан, кој демонстрираше извонредно издание на голот.

Во составот на ПСЖ се истакнаа Ремили со шест и Хансен со пет гола.

Македонскиот капитен урна и рекорд откако стана најдобар стрелец на Ф4 турнирите со вкупно 59 погодоци.

Ривал на Нант во финалето ќе биде подобриот од мечот меѓу Вардар и Монпелје, кој почнува од 18 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...