Премиерот Заев на 29 и 30 мај во официјална посета на Малта

273

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 29 и 30 мај ќе престојува во официјална посета на Република Малта.

Како што соопшти владината прес-служба, на првиот ден од посетата на 29 мај премиерот Заев ќе оствари средба со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, со премиерот на Малта Џозеф Мускат, по што ќе биде остварена пленарна средба меѓу двете владини делегации.

Македонскиот премиер за време на официјалната посета ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Малта, Анџело Фаруџиа. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...