Ноќеска здрмале неколку земјотреси во Охридско

304

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска регистрираше серија земјотреси во охридско преспанскиот регион . Епицентрите на земјотресите биле на 85 километри југозападно од Скопје и потекнуват од епицентрално подрачје Дебарца.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека два од овие земјотреси, и тоа 50 минути по полноќ и 59 минути по полноќ биле со Рихтерова магнитуда од 3 степени и биле почувствувани од населението во селата на Плакенска Планина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во Охрид, Струга и Кичево биле почувствувани со интензитет од III стрпени според истата скала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...