Макфакс од извори во Брисел дојде до „нон пејпер“ во кој некои земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот на преговорите на Македонија за влез во Унијата. Забелешките во документот освен за Македонија, се однесуваат и на Албанија.
Според извори на Макфакс, зад негативниот документ не стојат сите земји членки на ЕУ, и документот циркулира меѓу оние кои се против почетокот на преговорите во јуни.
Во документот се наведува дека почеток на преговорите е можен дури идната година на пролет.