Нема веќе цивилизирана политичка дискусија

Политичкиот карикатурист, добитник на Пулицеровата награда ја оцрни телевизијата „Фокс Њуз“: Таа е причината зошто „не можеме да разговараме за работите како возрасни луѓе“.

953

Политичкиот карикатурист, добитник на Пулицеровата награда ја оцрни телевизијата „Фокс Њуз“: Таа е причината зошто „не можеме да разговараме за работите како возрасни луѓе“.

Според добитникот на Пулицеровата награда, тие кои жалат за деновите кога се водеа цивилизирани политички дискусии не треба да гледаат подалеку од „Фокс Њуз“, поради неа ги нема повеќе, пишува Noor Al-Sibai за rawstory.

– Не, не можеме веќе да разговараме за работите како разумни возрасни луѓе, а за тоа виновна е „Фокс њуз“ – стои во насловот на колумната во „Вашингтон пост“ од четвртокот, напишана од неговиот познат карикатурист Tom Toles.

„Многу Американци се и понатаму по малку несвесни за тоа колку нефер и неурамнотежен стана овој проблем со дезинформациите“, напиша тој. „Впрочем, кој нормален човек би сакал да го помине своето време гледајќи ја оваа непрестајна река од плуканици?“.

Невладината организација за следење на медиумите, Media Matters, презентираше видео инсерти од тоа како „Фокс Њуз“ го напаѓа Одделот за правда на САД, на што омилениот канал на Доналд Трамп одговори со плукање, како што потсмешливо вели Tom Toles, „да ти падне вилицата од ирационалноста“.

– Ова е рѓосана бричалка кој насилно се влече напред- назад низ грлото на американскиот дискурс – пишува тој. „Не, не постои начин да се води нормална дискусија со овие луѓе“.

– Не постои можност да се разговара со овие луѓе – продолжува Toles. „Тие отворено шират хистерија, заплашуваат и го заобиколуваат американскиот правен систем. За да се заштити Трамп, по секоја цена“.

– Кога американскиот дијалог дојде до тука, значи дека сме дошле до многу лошо ниво – напиша наградуваниот политички карикатурист. „Тука веќе не се работи за дискусија, ниту за истражување на идеи. Тоа не е ништо друго туку само немилосрдна пропаганда“.

Мрежата што ги застапува десничарите, пишува Toles, честопати вината на републиканците „веднаш ја превртува и ја префрла на другата страна, и тоа со неверојатна жестина“.

– Дали уживате во детската игра „Ти си виновен, не, ти си! До бескрај? – прашува тој.

 

Подготви: А.Ј.

ФОТО: скриншот на водител на телевизијата „Фокс Њуз“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...