Грчка Влада: Постојат и политички и технички предуслови за договор

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, портпаролот на грчката влада рече дека владата уште пред неколку дена кажала дека името „Илинденска Македонија“ не е повеќе дел од преговорите, а избегна да прогнозира каков би бил исходот од новата рунда разговори.

1026

Ерга омнес, уставна ревизија и име од предлозите на Нимиц се темите на преговарачката маса во Њујорк, според министерот без ресор и портпарол на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, кој смета дека постојат политички и технички предуслови за договор.

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, рече дека владата уште пред неколку дена кажала дека името „Илинденска Македонија“ не е повеќе дел од преговорите, а избегна да прогнозира каков би бил исходот од новата рунда разговори.

– Мислам дека постојат можности, постојат доста веројатности, но не можам во никој случај да го предвидам исходот на отворените преговори. Но, сметам дека постојат и политички и технички предуслови за да стигнеме до договор. Меѓутоа, ова зависи, не само од Грција, туку и од поранешната југословенска Република Македонија. Ние имаме поставено два предуслови на маса, ерга омнес и заемно прифатливо сложено име – рече Ѕанакопулос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањето за ставот на коалицискиот партнер во владата и лидер на Независни Грци, кој не прифаќа име со терминот Македонија, Ѕанакопулос вели дека позицијата на Каменос е веќе позната.

– Мислам дека треба да го почекаме договорот, доколку дојде, да ги видиме конкретните карактеристики и потоа сите политички сили да заземат став – објасни портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...