Бензините во Грција летово до 2,5 евра за литар?

933

Грчките дистрибутери на горива предупредуваат дека во текот на летово бензините во Грција би можеле да поскапат и до 2,5 евра за литар, наведува весникот „Прото тема“.

Според весникот, можно е да се очекува поскапување на горивата во Грција, доколку продолжи растот на цената на нафтата на светските берзи.

Растот на цените на горивата во Грција се должи и на зголемените транспортни и производни трошоци, смета „Прото тема“, оценувајќи дека во наредниот период се можни шпекулации на пазарот со горива, поради тоа што ја нема непходната контроа во оваа сфера од страна на државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...