Хулигани нападнале навивачи на Ливерпул во Киев ВИДЕО

225

Неколкумина навивачи на фудбалскиот клуб Ливерпул синоќа биле нападнати од група од околу 20 хулигани во Киев.

Маскираните хулигани ги нападнале Англичаните кои се наоѓале во близина на Олимпискиот стадион, каде што утре Реал Мадрид и Ливерпул го играат финалето на фудбалската Лига на шамиопните.

Нападнатите навивачи побарале засолниште во блискиот ресторан, користејќи ги масите како штит.

– Тие не бркаа со скршени шишиња и столици, при што беа повредени неколкумина. Тоа беше прилично застрашувачки – изјави 50-годишниот Џејсон Фрост, кој бил нападнат само неколку часа откако пристигнал во Киев.

Локалната полиција уапсила само двајца напаѓачи одговорни за насилството, а Англичаните тврдат дека им биле ставани лисици на рацете и на навивачи на Ливерпул, кои не сториле ништо.

Англиските медиуми потенцираат дека во украинскиот главен град постојат неколку познати хулигански групи, поддржувачи на локалните клубови Динамо и ЦСКА, чии припадници се подржувачи на десничарската идеологија.

Ливерпул и Реал Мадрид добија 16.626 карти од УЕФА за своите навивачи на стадионот со капацитет од 70.000 седишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...