Тевдовски и Бежоска на состанок во Брисел: Македонската економија е на вистински пат

Напредокот беше истакнат на денешниот дијалог помеѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција на кој присуствуваа министерот за финансии Драган Тевдовски заедно со гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска- Бежоска.

1055

Според Извештајот на ЕК, Македонија бележи најголем напредок во исполнувањето насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи во споредба со земјите од регионот. Во овогодишниот извештај е нотирано дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година што јасно укажува на напредок во имплементацијата на препораките, соопшти Министерството за финансии.

Овие податоци можат да се видат на графиконот за напредокот на земјите во исполнување на насоките од програмата:

Напредокот беше истакнат на денешниот дијалог помеѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција на кој присуствуваа министерот за финансии Драган Тевдовски заедно со гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска- Бежоска.

Ваквиот дијалог, како што истакна Тевдовски, нè подготвува за идно учество во координацијата на економската политика на ЕУ.

– За да напредува економијата, потребни се повеќе реформи, меѓу кои и водење здрава фискална политика. Досега се преземени голем број активности и мерки. Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 е усвоена во декември 2017 година. Со реализацијата се зајакнува системот на јавни финансии, се унапредува транспарентноста, одговорноста, фискалната дисциплина и ефикасноста во управувањето со јавните ресурси – рече тој.

Новиот Закон за буџети кој се очекува да биде усвоен до крајот на оваа година, ќе ги опфати сите реформи во насока на зајакнување на фискалната рамка.

Тевдовски ја потврди проекцијата на Владата за економски раст од 3,2 отсто, што е во согласност со ревидираната проекција на Европската комисија и Народната банка.

– За прв пат по 10 години Владата и Министерството за финансии навремено ја усвои Фискалната стратегија. Стратегијата ги вклучува и препораките на ММФ и Европската Унија – истакна Тевдовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...