Од експлозија на бомба ранети најмалку 15 луѓе во ресторан во Канада

Локалната полицијата соопшти дека трага по двајца мажи, кои се осомничени за активирање на експлозивната направа. 

444

Најмалку 15 лица се повредени рано изутринава при експлозија на рачно изработена бомба во индиски ресторан во градот Мисисога во канадската провинција Онтарио.

Локалната полицијата соопшти дека трага по двајца мажи, кои се осомничени за активирање на експлозивната направа.

Според полицијата, тие внеле „некаков предмет“ во ресторанот и по неговото активирање успеале да побегнат.

Властите ги повикаа граѓаните да помогнат во потрагата па осомничените напаѓачи, објавувајќи нивен опис и снимки од бебзедносните камери.

Како што јави ДПА, експлозијата се случила во 22:30 часот по локално време (4:30 часот по средноевропско време) во индискиот ресторан „Бомбај  Бел“ во трговски центар во Мисисога, град што се наоѓа на брегот на езерото Онтарио на 32 километри западно од Торонто.

Според полицијата, тројца од повредените при експлозијата се наоѓаат во критична состојба.

По експлозијата полицијата го блокираше просторот околу ресторанот, а во реонот е видливо и засилено полициско присуство.

Ова е втор инциден во угостителски објект во Канада во поледниве 30-тина дена, отакако кон крајот на април возило влета во преполн ресторан во Торонто, при што загинаа 10 лица, а 15 беа повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...