Фудбалската легенда Роналдињо наскоро ќе има венчавка со две жени во исто време, пишуваат бразилските медиуми. Двојната венчавка е закажана за во август, а Роналдињо ќе застане пред олтар со Присцила Коељо и Беатрис Соуза.
Тие две живеат со фудбалерот од декември лани во неговата вила во Рио де Жанеиро вредна 42 милиони долари. Блиски пријатели на тројката, за локалните медиуми изјавиле дека тие живеат хармонично.
Роналдиљо врската со Присцила ја започнал во 2016 година, а веќе неколку години претходно бил во врска со Беатрис.
Двете девојки на фудбалерот, редовно добиваат џепарлк од него во висина од околу 2.000 долари и можат да го трошат на што ќе посакаат. Кога тој им купува подароци, речиси секогаш избира исти или слични работи за да спречи љубомора.
Иако никогаш во јавноста Роналдиљо не зборувал за врска со две жени, неговите пријатели тврдат и двете тој ги нарекува негови вереници и ги води речиси на сите патувања. Исто така, тој досега знаел и да објави „селфи“ со нив на Инстаграм.
Наводно, како што пишуваат бразилските медиуми, фудбалерот ги запросил во јануари лани, а венчавката во август планирале да биде организирана само за најблиските и да се одржи во Рио де Жанеиро.
Сестрата на фудбалерот, Дејси, веќе објави дека нема да присуствува на свадбата бидејќи не се согласува со неговата полигамија. Семејството на една од вереничките, Присцила, исто така, објави дека нема да присуствува на венчавката зашто не се согласува со таквиот начин на живот, а нејзините пријатели откриле дека таа била отпушена од работа токму поради тоа.