Денеска беше извлечен жребот кај мажите за вториот „Гренд слем“ турнир за годината – „Ролан Гарос“.
Носителот на 16 титули од „големата четворка“ и светски рекет број 1, Рафаел Надал е прв носител и лидер во својата половина, а средба со поранешниот најдобар тенисер, Новак Ѓоковиќ, може да се случи најдоцна во полуфиналето.
Вториот теносер на АТП листата, Роџер Федерер нема да земе учество во Отвореното првенство на Франција.
Ако сите најдобро поставени играчи стигнат до четврт-финалето, натпреварите ќе изгледаат вака:
Рафаел Надал (1) – Кевин Андерсон (6)
Марин Чилиќ (3) – Хуан Мартин дел Потро (5)
Давид Гофен (8) – Григор Димитров (4)
Доминик Тим (7) – Александар Зверев (2)
Потенцијални ривали на Рафаел Надал на „Ролан Гарос“:
1 круг – Александар Долпополов
2. круг – Жоао Соуса или Гвидо Пеја
3. круг – Ричард Гаске, Андреас Сепи, Мајкл Јужни или Малек Јазири
4 круг – Џек Сок, Денис Шаповалов
Четртфинале – Диего Шварцман, Кевин Андерсон
Полуфинале – Марин Чилиќ, Хуан Мартин дел Потро
Финале – Давид Гофан, Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров, Доминик Тим или Александар Зверев.