Ние не сакаме и не можеме да се мешаме во внатрешната политика на Македонија, но кога станува збор за македонското име и мекадонскиот идентитет, имаме право да дискутираме. Ова во вечерашната „Само вистина“ го изјавија Стефан Ѓорѓевски Поешевски, активист во македонските здруженија во Мелбурн и Аце Петровски, претседател на КУД Никола Карев, исто така од Мелбурн.
– 40 години посветив да ги учам децата македонски фолклор и затоа имам право да дискутирам кога се зборува за македонскиот идентитет – вели Петровски.
Според нив, не смее да се прифати друго име освен Република Македонија.
– Илинден е за нас свет, но нема логика зошто да се прифати Илинденска
Македонија – вели Ѓорѓевски Поешевски.
И двајцата во „Само вистина“ говореа за она што и е потребно на дијаспората во Австралија за полесна комуникација со матичната земја, но и за тоа зошто дијаспората покажа многу мал одѕив на изборите во 2011 и 2014 година а се потрошија околу 3 милиони евра.
Стефан Ѓорѓиевски Поешевски и Аце Петровски информираа дека Македонците во Австралија не биле задоволни од предлозите за пратеник, кога би бил тој предлог на наш избор а не да ни го бира СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ тогаш ние би гласале повеќе, велат.
И двајцата порачаа дека дијаспората е против менување на уставното име, реагираат што министерот за дијаспора Адеми не отишол да ги посети и очекуваат дека со Законот за дијаспора и со Стратегијата за дијаспора 2018-2023 година дека ќе им биде полесно да ги артикулираат нивните потреби и барања. Рекоа дека околу стотина Македонци од Австралија сакаат да инвестираат во Македонија и дека треба отвореност на владата и институциите за да ги привлече.
Повеќе гледајте во видеото на „Само вистина“: