Шеесет години стариот „даглас DC-6B“ со кој Јосип Броз Тито летал 55 пати, слета на аеродромот во црногорскиот приморски град Тиват, јави РТС.
Авионот на Тито денеска е во сопственост на Ред Бул односно на клубот на стари авиони наречен „The Flying Bulls“ (Летачки бикови).
Овој авион е произвеен 1958 година и бил модернизиран за пречек на специјални патници, а Тито во него за десет години летал 55 пати односно 158 часа.