Општина Охрид сака дел од спомениците од контроверзниот проект „Скопје 2014“ да се префрлат во Охрид, објави Алсат-М ТВ. Градоначалникот Јован Стојановски вели дека за почеток бараат да биде дислоциран споменикот на Цар Самоил, за кој вели дека местото му е во Охрид. Но, ќе почекаат да заврши целата ревизија на проектот која ја води комисија во рамките на Министерството за култура.
– Нашиот став е дека местото на Цар Самоил е во Охрид и затоа имаме намера во понатамошниот дел, до завршувањето на ревизијата, да побараме тој споменик да биде дислоциран во Охрид. Да почекаме и очекуваме во скоро време позитивен исход – рече Стојановски.
Целиот прилог може да се погледне ТУКА.