Поранешниот премиер Никола Груевски денеска се јави со уште еден статус на Фејсбук. Во него тој ги објави деловите од завршните зборовите во случајот „Тенк“ кои судијката Добрила Кацарска не му дозволи да ги каже на рочиштето на кое се даваа завршните зборови.
„Кога дојде редот на мене, судијката се вмеша во текот на моите завршни зборови и еден дел не дозволи да ги прочитам во судот со образложение дека биле политички и дека не може да ги кажувам во судот. Со обзир дека судот ги доби на писмено, а на јавноста која преку новинарите беше присутна во судницата и беше ускратено да чуе делови од тој завршен збор, ги објавувам и посебно издвоени и како дел од интегралниот текст, односно завршен збор“, напиша Груевски.
Откако беше одржано рочиштето за завршни зборови, тој неговите ги објави на Фејсбук, а денеска, ден по пресудата со која ја доби првата затворска казна, екс премиерот уште еднаш го реобјави стариот пост со завршните зборови и ги издвои деловите кои, како што вели, судијката не му дозволила да ги каже.
Имено на рочиштето тој меѓу другото зборуваше дека е ова е политичка хајка против него, дека Заев се договорил со судот, како и оти ова е процес кој се води паралелно со цел да се замајува јавноста бидејќи ќе се менува името на државата… Кацарска тогаш реагираше велејќи му дека дека не е во Собрание, на владина седница или на прес-конференција, па во судот да не држи политички говори и лекции туку да зборува само за обвинението за мерцедесот.
Во продолжение интегрално го пренесуваме статусот на Груевски: