Судот му забрани на Трамп да блокира на Твитер

284

Федералниот суд во Њујорк донесе одука дека американскиот претседател Доналд Трамп според законот не може да блокира корисници на друштвената мрежа Твитер, затоа што со таков потег ќе го загрози нивното право на слобода на говор кое е пропишано со првиот амандман од Уставот на САД.

Ваквата одлука доаѓа откако лани во јули Трамп доби тужба од неколу твитер-корисници и институт во рамки на Универзитетот Комумбија кој се занимава со проучување на првиот амандман од американскиот Устав.

Тие тогаш ја поднесоа тужбата затоа што Трамп блокираше твитер-корисници кои го критикуваа, исмејуваа и изразуваа несогласување со неговите ставови. Објаснувањето на тужителите беше дека профилот на американскиот претседател на Твитер е јавен форум и оти тој со блокирањето го крши амандманот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...