Струмичанецот со копачот поворно демолираше казино

1144

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.В. (49) и Д.Г. (34), двајцата од струмичкото село Василево, поради постоење основано сомнение дека сторилe кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „помагање“.

49-годишникот е лицето кое пред два месеци, исто така, со копач демолираше друго казино, искрши 45 слот апарати и рулет машини.

МВР сооппшти дека на 22-ри овој месец, околу 13 часот, во СВР Струмица од страна на вработен во „Мастербет“ ДООЕЛ – Скопје, пријавено е дека лицето А.В., извршилo оштетување на осум слот машини, како и на една рулет машина во казино во Струмица.

По ова, а врз основа на овластување од јавен обвинител, од страна на полициски службеници извршен е увид на лице место, притоа констатирано дека во времето од 12.30 до 13 часот завчера во казино во Струмица, првопријавениот откако претходно играл на апаратите во казиното, зел копач и со истиот извршил оштетување на осумте слот апарати, на еден рулет апарат за игра, на еден ЛЦД телевизор марка „Сони“, како и на заштитно стакло од просторот на касата и еден монитор. Со ваквото дејствие А.В. направил материјална штета од околу 1.500.000 денари.

Оштетувањето на апаратите за игри на среќа е направено со метален копач со дрвена дршка, кој го внел второпријавениот и му го дал на А.В. Од страна на полициски службеници А.В. е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица нему му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...