Кавадарци му посака топло добредојде на Пјер Бишоф ГАЛЕРИЈА

343

По повеќе од 13 часови поминати на велосипед, во кои ги почуствува сите годишни времиња, но и ненамерно виде многу поголем дел од Македонија, германскиот велосипедист Пјер Бишоф уморен од неочекувано долгата авантура предизвикана од едно грешно свртување, некаде околу 20.30 часот пристигна во Кавадарци.

Во кругот на компанијата Кожувчанка ДОО која е партнер на компанијата Синалко од Германија, чиј ексклузивец е и Бишоф, германскиот екстремен спортист беше пречекан од менаџерскиот тим на компанијата, предводен од извршната директорка Јанинка Чупаркоска, членовите на здружението на Тиквешки точакџии и претставници од медиумите.

По прошетка низ производствениот погон во која Бишоф и неговиот тим имаа можност да се запознаат со процесот на производство на производите од брендот Синалко, генералниот спонзор на Бишоф, следуваше и пригодна свеченост на чиј почеток германецот најпрво се извини за доцнењето и пропуштената програма која ја организираше Кожувчанка ДОО и тимот на www.vinotika.mk, и во знак на извинување најави дека ќе биде дел од денешната велосипедската парада која ја организираше сојузот за училишен спорт на град Кавадарци.

Во продолжение претставниците од компанијата Кожувчанка му подарија брендирани подароци, а брендирана велосипедска опрема со името на Бишоф беше врачена и од членовите на здружението Тиквешки точакџии кои му упатија и јавна покана за учество на годинашното издание на манифестацијата Алшар – Допри го сонцето.

На Бишоф му беа презентирани и неколку фотографии и инсерти од организираниот пречек и велосипедска парада во негова чест, која и покрај големото невреме, беше спроведена во целост. Како што и беше најавено, Тиквешките точакџии, заедно со менаџерскиот тим на Кожувчанка ДОО од кругот на компанијата се упатија кон црквата Света Петка, од каде што со останатите членови на здружението и вљубеници во велосипедизмот, продолжија на градскиот плоштад.

На платото пред општината свое шоу имаше DJ Buli, пред присутните се обратија Митко Јовановски, маркетинг менаџер во компанијата Кожувчанка ДОО, Милан Колев од сојузот за училишен спорт на општина Кавадарци, Живко Гурев, претседател на здружението Тиквешки точакџии, а низ целиот настан присутните ги водеше и за ликот и делото на Бишоф зборуваше Душко Стефанов.

Наредниот ден односно вчера градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев со над 850 велосипедисти возеше низ улиците на Кавадарци, популаризирајќи го велоспедот меѓу младите и граѓаните. Пјер Бишов, кој  во име на Синалко ја вози цела Европа се придружи на манифестацијата која успешнио ја органзирира Сојузот за училишен спорт предвидена од наставникот по физичко воспитување Милан Колев.

Над 850 велосипедисти од сите основни училишта, се пријавија денеска и возеа  заедно со членовите на Тиквешки Точакџии, градоначалникот Митко Јанчев,светскиот велоспедист на екстремни патеки Пјер Бишов од Германија,наставници по физичко воспитување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...