Заев најави промена на министри и директори

Ќе следуваат кадровски промени. Има дел кои знаат и се трудат. Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат, објасни премиерот.

220

По рекапитуларот на работата на власта, што ќе се случи по десетте месеци од стартот на Владата, оваа пролет, можно е да има реконструкција, промена на директори, но и промена на министри и државни секретари, изјави за порталот Призма премиерот Зоран Заев.

– Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција. Ќе следуваат кадровски промени. Не сакам никој да ја изгуби шансата. Ако не е за првото место, можеби ќе биде за второто, третото, четвртото… Има огромен дел кои многу сакаат да се докажат, но не знаат. Тука се и новите генерации кои доаѓаат, и веројатно, паралелно и учат. Има дел кои знаат и се трудат. Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат – објасни Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...