Франција ги охрабрува Скопје и Атина да најдат решение на спорот за името

296

Франција ги поддржува напорите на Скопје и на Атина, во координација со медијаторот на Обединетите нации, за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение поврзано со прашањето за името на Поранешната Југословенска Република Македонија, изјави Ањес фон дер Мил, портпаролка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција.

„Во периодот кога разговорите се во многу напредна фаза, Франција ги охрабрува властите на двете држави да ја задржат својата решителност за склучување на долгоочекуваниот договор. Ова е во интерес на двете земји, на регионот и на Европа “, се вели во изјавата на Ањес фон дер Мил, портпаролка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...