Брза помош го однесе Бате Геле од пред Кривичниот суд

3242

На големиот поддржувач на Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, штипјанецот Бате Геле, му се слоши пред Кривичниот суд.

Со возило на Брзата помош тој беше однесен во болница, уште од претходно тој не бил во добра здравствена состојба.

Бате Геле беше дел од групата 30-тина граѓани кои се собраа да протестираат против судот и за поддршка на Груевски.

Тие пред судот се задржаа околу еден час.

Бате Геле дојде пред судот со маица на која беше испринтњн ликот на поранешниот премиер, а донесе уште една маица со неговиот лик која ја закачи на металната ограда пред судот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...