Веднаш штом судијката Добрила Кацарска ја прочита осудителната пресуда за случајот „Тенк“, групата од 30-тина граѓани кои дојдоа пред Кривичниот суд во Скопје, почнаа со исвиркување кон судот.
Дел од нив почнаа да ја тресат металната ограда поставена пред судската зграда.
Тие скандираа „Никола, Никола“, „Македонија, Македонија“ во знак на поддршка…
Никола Груевски беше осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест за набавката на блиндираниот мерцедес.