Се олеснува увидот во податоците за стаж и плата за вработени во МВР

179

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување денеска потпишаа Меморандум за соработка со што се овозможува успешно превземање на податоците на околу 12.000 вработени во МВР од страна на ПИОМ.

Со ова се овозможува сите вработени во Министерството да имаат увид во податоците за стажот, платите, пријавите и одјавите.

Меморандумот за соработка го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Фондот Шаип Зенели.

Спасовски изјави дека за поедноставување на увидот во податоците во ПИОМ е изработено софтверско решение и оти за таа цел се остварени средби на експерти од двете институции.

– Од исклучителна важност е потпишувањето на еден ваков Меморандум за да се олесни работата и на МВР и на Фондот, а да бидат задоволни нашите вработени во МВР – рече министерот.

Со потпишувањето на овој Меморандум, според Спасовски, сите вработени во МВР на брз и ефикасен начин ќе можат да добиваат податоци за стажот, за бенефицираниот стаж, за сопствената плата…

– А оваа размена на податоци ќе олесни и на вработените и на Фондот, рече министерот за внатрешни работи.

Зенели рече дека целта е утврдување на платите и на стажот на вработените во МВР.

– Бидејќи МВР е едно од најголемите наши корисници и идни пензионери, со ова се средува М4, утврдување на плати и стаж на вработените во МВР и пред 2006 година -рече Зенели.

Владата ги задолжи МВР и Фондот во ноември лани да изнајдат решение за врабоитените во МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...