На вчерашната владина седница со негативно мислење е оценет Годишниот извештај на Македонската радио телевизија за 2017 година. Владата на вчерашната седница. Владата вчера одлучила да даде негативно мислење и на годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
По ова, извесно е дека Извештаите нема да поминат ни во Собранието, а очекувањата се дека тоа ќе повлече смена на првите луѓе на МРТ и АВМУ. Овие институции се уште ги водат кадри на ВМРО-ДПМНЕ.