Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е безкомпромисна стратегиска и политичка определба на Алијансата за Албанците, е заклучокот на АА од Централното претседателство на кое е заземен став и за најновиот предлог за името Република Илинденска Македонија.
– Алијансата за Албанците е против тенденцијата за славизација на новото имие на државата. Во врска со информацијата пренесена во јавноста за новиот предлог на името на државата, Алијансата за Албанците смета дека ова именување е силен удар врз секуларниот карактер на државата како една од основните темели на либералната демократија – соопшти Алијансата.
Од партијата го потсетуваат премиерот дека „Албанците во овој важен политички процес не можат да бидат претставувани од некој кој е повеќе пати е делегитимиран од гласачите – Албанци во повеќе изборни циклуси”, стои во одлуката на Алијансата за Албанците.