Автобусите од јавниотпревоз утре и задутре ќе возат со изменет возен ред поради двата празника, 24 мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 мај-Духовден.
Во четврток на 24 мај, автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а во петок на 25 мај, ќе важи саботен возен ред.
– За Духовден во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број на автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП.
Подетални информации може да добиете на веб страницата www.jsp.com.mk,