Кошаркарите на Хјустон Рокетс го совладаа шампионот Голден Стејт ноќеска на гостински терен и го изедначија резултатот на 2-2 во финалето на Западната конференција во НБА лигата.
До победата „ракетите“ дојдоа со подобра игра во последната четвртина во која постигнаа 25, а примија само 12 поени.
Џејмс Харден со 30 коша и по четири скокови и асистенции беше најдобар играч во победничкиот тим. На спротивната страна се истакнаа Стеф Кари со 28 и Кевин Дурант со 27 поени.
По четири средби резултатот во серијата прв до четири победи е нерешен, а следниот меч на распоредот е ноќта четврток кон петок.
Ист е резултатот и во финалето на Истокот каде досега по две победи забележаа и Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс.
ФОТО: твитер
RT for @JHarden13's 🔥 performance! #MVP
30pts 🏀
2blk 🚫
3stl 🔒 pic.twitter.com/kF995aFBRf— Houston Rockets (@HoustonRockets) May 23, 2018