Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд, ќе има електрични празнења и услови за изолирана појава на град. УВ индексот ќе биде 7.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 15 а дневната највисока температура на воздухот од 22 до 29 степени.
Во Скопје исто так апроменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветерод југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 27 степени.
И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд. Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд.