Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе се одржи рочиште за случајот „Траекторија“ во кој се обвинети четири службени лица: екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, екс вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.
Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.
Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.
Покрај рочиштето за „Траекторија“, Груевски денеска во судот ќе ја слушне и првата пресуда за премет каде тој е обвинет – за случајот „Тенк“ поврзан со начинот на набавката на блиндираниот мерцедес.