Поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, се очекува да биде новиот заменик министер за надворешни работи. Жерновски беше пратеник девет години во три мандати, се до 2013-та година, кога стана градоначалник.
На ланските локални изборим иако најави, се откажа од повторна кандидатура и премина од ЛДП во СДСМ, изјавувајќи дека ќе стапи на висока позиција во владата.
Заменик – министер ќе стане и пратеникот од СДСМ, Петар Атанасов, во Министерството за образование.