Поповски се вознемирил, па не сака да ја слуша пресудата за мерцедесот

2886

По денешната пресуда Ѓоко Поповски беше очигледно загрижен и вознемирен за утрешната пресуда. Тој побара од мене да не присуствува на утрешното читање на пресудата за случајот „Тенк“, рече адвокатот на поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, Стеријо Зиков откако денеска неговиот клиент доби десетгодишна казна затвор за незаконска набавка на 300 автомобили во МВР.

Зиков рече дека превисока е казната за дело сторено пред 10 години во јавна набавка.

Тој ќе поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје иако, како што рече, не очекува нешто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...