Германската канцеларка Ангела Меркел вчера телефонски разговарала со македонскиот и со грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, јавува Дојче Веле.
Од Берлин доаѓа само потврда дека канцеларката Ангела Меркел телефонски разговарала и со македонскиот и со грчкиот премиер без детали кои биле темите на разговор, иако телефонскиот разговор е по два дена откако Заев по лидерската средба го објави предлогот за името Република Илинденска Македонија.
Германската канцеларка Меркел на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија имаше одвоени средби со Зоран Заев и со Алексис Ципрас.