Ибраимоски се разочарал од Цароска оти му порачала денот на ромскиот јазик да си го слават по дома

1666

Коалицискиот партнер на Зоран Заев, Самка Ибраимовски од ПЦЕР реагира дека  Министерството за труд и социјала негативно се изјаснило за одбележување на денот на ромскиот јазик и геноцидот врз Ромите од Втората светска војна.

ПЦЕР е револтирана од мислењето кое го добиле од ресорното министерство дека „Ваквите настани, односно заедниците во овој случај Ромската заедница, можат да го остваруваат на најразлични начини и како дел од традиција,во рамките на своите семејстваи пошироката заедница“.

– Како еден министер не ја почитува Резолуцијата на Европскиот парламент од 15 април 2015 година, со која меѓународниот ден на Ромите, Евроска Унија го признала истиот за Меморијален ден на геноцид над Ромите во Втората светска војна, а нашата министерка не тера овие две одбележувања да ги славиме во семјества како дел од традиција. И укажувам на министерката Мила Царовска дека како земја кандитат за ЕУ, треба да се почитуваат сите резолуции кои се донесени. Како пратеник разочаран сум од ваквиот дискриминирачки однос, но времето ќе покаже минстерке, не ова прв пат вака да настапувате кон Ромите- вели Ибраимовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...