Во Велес, вчера во 21.40 часот непознато лице фрлило камен на меѓународниот патнички воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Белград, при што било искршено едно прозорско стакло од вагон.
Повредени патници нема. Возот го продолжил движењето до Железничката станица Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.